НАСА го направи првиот лет со минијатурниот хеликоптер „Инженеринг“ над Марс.
Од американската вселенска агенција се надеваат дека ќе ги примат фотографиите и видеоснимките од летот на хеликоптерот на кој имаше инсталирано камера, но и од роверот „Истрајност“, кој бил паркиран 76 метри подалеку од местото каде што бил направен летот.
Од НАСА велат дека хеликоптерот, кој бил тежок 1,8 килограми, летал 30 секунди, а потоа ротирал на висина од три метри на површината и на крајот безбедно слетал на своите четири ногарки.
Пробниот лет бил направен на околу 280 милиони километри од Земјата, на дното на големиот базен, чие име е кратерот Езеро.
Хеликоптерот на НАСА ќе направи уште неколку долги летови во наредните недели, иако за секој нареден лет ќе бидат потребни од четири до пет дена пауза за да се наполнат батериите.