Под мотото „Гласни и горди“ денеска се одржа „Парадата на гороста“. Со транспаренти и знамиња стотици луѓе маршираа од Паркот Жена борец кон Стадионот на Армијата во Градскиот парк во Скопје. Ги славеа различностите и љубовта.
Активистите говореа за нападите кои ги доживувале трансродови лица. Мајка на ЛГБТ дете испрати порака до родителите да си ги прифаќаат децата какви што се.
Маршот помина без инциденти и под силно полициско обезбедување. Имаше два подвижни подиуми, качени на камиончиња и музика која ги пратеше учесниците.
„Против христо-фашизмот, против капиталистичка парада“, „Вистинскиот феминизам е вклучувајќи ги транс лицата и сексуалните работнички“, „Братство и единство“ – беа дел од транспарентите.
Одбележувањето на денот продолжува и со кулутрно-уметнички перформанси.