(Видео) Таткото на Ѓоковиќ морал да бара пари од лихвари за син му да успее во тенисот

(Видео) Таткото на Ѓоковиќ морал да бара пари од лихвари за син му да успее во тенисот

пред 3 години

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер во светот, Новак, за српските медиуми откри дека додека неговиот син бил залезот на кариерата, тој морал да бара пари од лихвари за да син му успее во тенисот. Тој рече дека тоа му бил најтешкиот момент во неговиот живот.

„Тоа се случи кога Новак имаше 15 години и требаше да патува за Америка. Требаше да оди на еден Грен слем со мене. Тогашниот претседател на тенискиот клуб Партизан ми вети дека ќе ги покрие трошоците, но, 10 дена пред патувањето, ми рече дека не може да го стори тоа. Бидејќи ги резервирав билетите, морав да ги платам, за да не ми пропадне авансот што веќе го дадов, па отидов кај лихвар“, раскажа Срѓан.

Тој рече дека му биле потребни 5000 долари кои требало да ги врати за два месеци. Морал да плаќа камата од 12 проценти, но, лихварот му ја зголемил на 15%.

„Го погледнав неколку секунди и реков нема проблем. Ги зедов парите, дојдов дома, се заклучив во бањата и искршив се живо внатре. Се согласив на тоа бидејќи тоа беше неопходно за мојот син и неговата кариера. Ако ми беше потребно за мојот живот, нема да можеа да ме отргнат од него, ќе му ја испиев целата крв од неговите вени“, се потсети Срѓан.

Share
Scroll to Top