(Видео) Тајсон Фјури ја одбрани титулата светски првак во бокс, противникот иако водеше во текот на борбата на крајот заврши во болница

(Видео) Тајсон Фјури ја одбрани титулата светски првак во бокс, противникот иако водеше во текот на борбата на крајот заврши во болница

пред 3 години

Британскиот боксер Тајсон Фјури (33) ја одбрани светската титула во тешка категорија откако го нокаутира Американецот Дионтеј Вајлдер (35) во 11-тата рунда во спектакуларна борба за WBC појасот, во T-Mobile арената во Лас Вегас.

Вајлдер не се појави на конференцијата за медиуми по поразот. Од неговиот тим потврдија дека тој завршил во болница, но, не кажаа детали. Тој прими тешки удари во десетте рунди, а на крајот почна да му крвари левото уво.

Во 11-тата рунда сѐ беше готово. Фјури го погоди Вајлдер и судијата мораше да го прекине натпреварот. И покрај сите удари, Вајлдер беше тој кој водеше во поголемиот дел од борбата.

Двајцата боксери влегоа во овој дуел со најголеми тежини во кариерата. Фјури на официјалното мерење тежеше дури 126 килограми, а Вајлдер 108 килограми.

Фјури сега има 31 победа (22 со нокаут) и реми против Вајлдер во кариерата, додека Американецот покрај тоа реми го претрпе и вториот пораз од Фјури, а оствари и 42 победи (41 со нокаут).

За  потсетување ова беше нивна трета борба која првично беше планирана во јули оваа година, но Фјури мораше да ја откаже борбата поради коронавирусот.

Share
Scroll to Top