По инцидентот во салата „Јане Сандански“ на ракометниот натпревар меѓу навивачите на Вардар и Пелистер, уште една тепачка се случи викендов во кошаркарската лига меѓу играчите на Тетекс и Мега Баскет. Овој натпревар беше дерби меѓу двата најдобри тима во третата лига-Запад.
Инцијатор на тепачката беше еден од гостинските кошаркари кој со нога удри во еден од противниците. Кошаркарите на Тетекс реагираа, па играчите на двевте екипи почнаа да се влечат, туркаат и удираат со тупаници. За среќа немаше повредени.
Натпреварот заврши со само седум кошаркари на теренот, четири на Тетекс и тројца на Мега баскет. Предноста од играч повеќе ја искористи домашниот тим, па во последните минути направи пресврт и победи со 71:65. Ова е прв пораз за Мега Баскет, кој сега се изедначи на врвот со Тетекс со 23 бодови.