(Видео) Техно-журка во црквата Свети Илија во Стар Дојран ги налути граѓаните

(Видео) Техно-журка во црквата Свети Илија во Стар Дојран ги налути граѓаните

пред 2 години

Техно-журка во црквата Свети Илија во Стар Дојран ги разлути граѓаните. Журката била организирана во викендов, а видеата од забавата се појавија на социјалните мрежи, и веднаш ја брануваа јавноста. За едни настанот е скандалозен, за други авангарден, по примерот на забавите во западните земји.

dobivaj vesti na viber

Според информациите што ги објавија локалните медиуми, црквата имала дадено согласност само за одржување на поетски настани и концерти на камерни состави што изведуваат класична музика. Инаку верскиот објект датира од 19 век, но бил разурнат во Првата светска војна, а реновиран неодамна од струмичкиот завод и музеј.

Share
Scroll to Top