Пејачката Тијана Дапчевиќ објави видео во кое подготвува пралини за Валентајн.
Иако за неа секој ден е ден на љубовта, за нејзините фановите е посебен ден, Денот на вљубените. За нив го посвети и рецептов, кој е брз лесен и едноставен.
„Уникатен начин за да ги изненадите саканите“, како што и самата порача.
Состојки:
- 200гр црна чоколадо
- 200гр бело чоколадо
- 100гр маргарин (или путер) – по 50гр маргарин на 200гр чоколада
- вишни
- 2 лажици мелени бисквити
- лешници
- 3 лажици млеко
- 2 калапи за пралини (1 за пралини од црно чоколадо и 1 за пралини од бело чоколадо)
Подготовка:
- Пралини со црно чоколадо
200 гр црно чоколадото се топи заедно со 50гр маргарин на пареа. Откако ке се стопи и ќе стане хомогена основата за палини се става во кеса- шприц за да се наполнат калапите,Откако ќе се наполнат калапите до третина, со чоколадо, се ставаат 2 мин во фрижидер. После тоа во нив се додаваат вишните, кои претходно се помешани со 2 лажици мелени бисквити (за да се впие вишокот течност од нив) и на крај повторно се дополнува со смесата од чоколадо и маргарин. На крај се ставаат во фрижидер околу 1 час пред сервирање.
- Пралини со бело чоколадо
200гр бело чоколадо се топи заедно со 50 гр маргарин на пареа. Откако ќе се стопи се додава 2 лажици млеко и се промешува. Понатаму постапката е иста како и во пралините со црно чоколадо само наместо вишни, во овие пралините се ставаат лешници. На крај се ставаат во фрижидер 1 час и потоа се спремни за сервирање.
Пралините со црно и со бело чпколадо, од двата калапи откако ќе се оладат се вадат и се декорираат со кокос и сецкано суво овошје.






