(Видео) Тони Зен ја објави најновата песна „Клубот“

(Видео) Тони Зен ја објави најновата песна „Клубот“

пред 1 година

Тони Зен ја промовираше најновата песна „Клубот“. На промоцијата во „Синеплекс“ во Сити Мол стигнаа голем број обожаватели и пријатели. На песната работеше со неговите пријатели и соработници Иле, Ики и Нино.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за песна, која го прикажува реалниот живот, вели Тони Зен и додава дека токму таквите песни во време на рецесија и светска криза поминуваат кај публиката

„Целата приказна започна со Иле, па продолжи со Ики и Нино. Со истите луѓе се соработувам постојано, се менува само мал дел, во зависност од проектот. За ова музичко парче ми помогнаа млади луѓе кои верувам дека ќе го движат светот напред. Ми беше предизвик да работам со нив“, рече раперот.

За потсетување неодамна за „Репортер“ ни рече дека колку што е добро да се бидел дел од музичката сцена, толку и не е. „Може и си направив проблем затоа што сега пак се враќам на тој начин на живеење, сите оние излегувања, пороци, а сега веќе имам дете и сопруга, па не е исто“, ни рече Тони Зен.

Share
Scroll to Top