(Видео) Триста моторџии испратија девојка на матура, а на силеџиите им порачаа да ја остават на мир

(Видео) Триста моторџии испратија девојка на матура, а на силеџиите им порачаа да ја остават на мир

пред 3 години

Петнаесетгодишната Фелисити Ворбуртон е девојката која беше испратена на матура од 300 моторџии. Тие ја однесоа во училишттето, а на нејзините силеџии кои постојано ја закачале им порачале да ја остават на мир и дека не смеат повеќе да ја повредуваат.

Родителите на Фелисити, која постојано била мета на учениците, затоа што била со инвалидитет, велат дака таа постојано размислувала да си го одземе животот. Во понеделникот таа собрала храброст и со своите 300 нови пријатели отишла во училиште на матура.

Нејзината мајка Кетрин ѝ ја организирала придружбата уште минатиот месец кога Фелисити јавно се пожалила на „Фејсбук“. Кетрин прашала во еден мото клуб дали некои од нив сакаат да ѝ помогнат на ќерка ѝ која има дислексија и Аспергеров синдром.

Кетрин се надевала дека неколку моторџии ќе сакаат да дојдат со неа на матурата, но, како што вели и самата, се изненадила кога видела стотици од нив.

„Фелисити се радуваше на матурата и почувствува дека сега е моментот кога треба да им покаже на силеџиите во училиште  дека повеќе не можат да ја повредуваат. Тие ја малтретираа до таа мера што во изминатите неколку години таа размислуваше за самоубиство, па сакав матурата да ѝ биде сè она што таа го посакуваше“, рече Кетрин.

Нејзиниот татко Рич Морис рече дека не можел да ја види ќерка си меѓу сите тие моторџии.

„Беше сјајно. Се надевавме дека ќе дојдат можеби најмногу десетина од нив. Но, се појавија стотина. Фелисити уживаше во секој момент и беше неверојатно да се види поддршката од моторџиите. Силеџиите мислеа дека е во ред да ја малтретираат. Ја вознемируваа секој ден и тоа ја скрши, но имавме чувство дека по тој понеделник ќе можеме да ја видиме нашата драга ќерка да е весела и да ужива. Тоа што ќе кажам дека сум горд на неа, не е ни приближно блиску до тоа како во моментов се чувствувам. Таа е сјајна девојка и не заслужи ништо од тоа што ѝ се случуваше. Фантастично е да ја видам вака кога е среќна“, рече Морис.

Тој додал дека кога седнала на еден од моорите, времето како да застанало за нив и само во мислите им било тоа колку нивната ќерка е среќна и дека им се вратила назад.

„Кога некој ќе ве гази секојдневно, не гледате ништо добро во себе. Сега, да ја гледате таа насмевка на на нејзиното лице е нешто неодоливо“, додал татко ѝ.

Тој рече дека од нејзиното школо направиле сè што е можно за да го прекинат постојано малтретирање, но дека не успеале во целост да го прекинат.

Еден од моторџиите, Дон Томас рече дека неговиот клуб заедно со уште некој други групи на моторџии и го приредиле на Фелисити најдоброто возење во нејзиниот живот.

Share
Scroll to Top