(Видео) Туристи поради селфи малтретирале мечиња, па ги фатила полиција

(Видео) Туристи поради селфи малтретирале мечиња, па ги фатила полиција

пред 2 недели

Инцидентот се случил во вторникот, на 16 април, во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина. Шест лица се снимени како ги влечат малите мечиња од гранките на дрвото, за коишто се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестмината ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.

Веднаш откако снимките од инцидентот стигнале до експертите кои се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њус“ рекла дека, кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било сместено на човечка грижа и нега за да се опорави. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не можат да се вратат во дивината, бидејќи мечките кои растат со луѓе, потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.

– Мечето преживеа големо трауматично искуство. На луѓето кои го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка му, а особено на овој начин да го влечат од дрвото – рекла Хобс, пренесува „Унилад“.

По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од тоа што го направиле овие луѓе. За сето тоа морале да разговараат и со полицијата.

Share
Scroll to Top