Трамп се врати во Белата куќа и театрално на балкон ја тргна маската

Трамп се врати во Белата куќа и театрално на балкон ја тргна маската

пред 4 години

Доналд Трамп се врати во Белата куќа по тридневниот престој во болница поради ковид-19. Само што дојде од болница, театрално ја тргна маската кога на балконот позираше за фотографирање. Неговиот лекар Шон Конли кажа дека тој ќе го продолжи лекувањето во Белата куќа, зашто сѐ уште не е целосно заздравен.

Пред да излезе од болницата Трамп им порача на Американците да не се плашат од ковид-19 .Тој одби да одговори на новинарски прашања на излегување од болницата, а по краткото патување со хеликоптер, сам се појави на балконот на Белата куќа, ја тргна маската и отпоздрави во војнички стил. Потоа објави и видео во кое им порача на Американците да се вратат на работа.

„Ќе го победите коронавирусот. Ја имаме најдобрата медицинска опрема, ги имаме најдобрите лекови и сето тоа е неодамна развиено. Ќе бидеме во првите редови. Како ваш лидер, јас морав да го направам тоа, иако знаев дека има опасности. Стоев напред и предводев“, рече Трамп па  додаде: „Сега сум подобро. Можеби сум имун, не знам“.

Според американските здравствени протоколи, Трамп би требало да остане во изолација десет дена од појавата на симптомите. Од Белата куќа кажаа дека тој почнал да се чувствува лошо во четвртокот наутро, па беше пренесен во болница.

Share
Scroll to Top