Синот на холивудскиот актер Том Хенкс, Чет, е критикуван затоа што користел „расистички фонт“ на неговата нова колекција облека, со контроверзно име „Лето на бело момче“.
Тој го користел фонтот gothica, кој е поврзан со движењата на белите суперматисти. Фонотот е сличне на Fraktur, кој го користел Хитлер за неговата книга Mein Kampf.
Од неговата пијар служба, објасниле дека името на колекцијата е само игра со зборови на името на песната на Мега Ти Сталион – “Hot Girls Summer”.
„Сфатете го тоа како сакате, но зборувам за Трамп. Зборувам за себе, за бели рапери, тој тип на мажи. Знаете ли што White Boy Summer. Тоа не е да се биде злобен и да се има предрасуди кон било кој на основа на различна раса, потекло или начин на живот. Сакам да видам бели момчиња и црни кралици како ги носат тие маици”, изјавил Чет.
Синот на Том Хенкс веќе бил критикуван поради расизам, бидејќи минатата година објавил снимка на кој имитира јамајкански акцент.






