(Видео) Фановите ја обвинија Џенифер Лопез дека целата е ботокс

пред 4 години

Пејачката и глумица Џенифер Лопез изгледа толку добро, што понекогаш на некои од фановите им е тешко да поверуваат дека тоа е резултат на здравата исхрана и редовните физички активности, проследени со добрите креми за маска и нега за кожа.

Тие се убедени дека за нејзиниот одличен изглед, заслужен е естетичар-козметичар, со дозвола за работа со техники за подмладување или пак пластичен хирург, пренесува „Скај њуз“.

„Можам да кажам дека челото и веѓите воопшто не ви се поместуваат кога зборувате или се обидувате да го промените изразот на лицето. Дефинитивно имате ботокс. И тоа тони“, бил еден од коментарите на видеото кое пејачката го објавила на социјалните мрежи.

Пејачката објави видео и објасни дека користела маска за лице од нејзиниот производ J Lo Beauty. Лопез ги негираше ваквите обвинувања и им одговори на некои од критичарите дека никогаш не користела ботокс и дека никогаш не примила никакви инекции и направено операции.

„Искрено, не гледам ниту една брчка на моето лице. Имам преубава, цврста кожа. Се чувствувам, десет години помлада“, вели Лопез на снимката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Share
Scroll to Top