(Видео) Фановите ја обвинија Џенифер Лопез дека пеела на плејбек

(Видео) Фановите ја обвинија Џенифер Лопез дека пеела на плејбек

пред 3 години

На инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, се појавија голем број од светските музички и холивудски ѕвезди. Една од нив беше и Џенифер Лопез, која фановите ја обвинија дека пеела на плејбек.

Тие коментираат дека нејзината боја на глас се разликувал додека таа пеела и додека зборувала на шпански. За разлика од неа, за Лејди Гага имаа само пофални зборови и коментари дека направила вистинско шоу на сцената.

„Лејди Гага и објасни на Џенифер како се пее во живо. Зошто Џен пее на плејбек? Вауу каков перформанс на Џеј Ло во живо, хахахаха. Зошто има плејбек, кога добро пее?“, биле само некои од бројните коментари на социјалните мрежи.

Латино пејачката на инаугурацијата се појави во бела облека, боја која го симболизира мирот. За време на нејзиниот настап, таа на шпански јазик порака дека од сега САД ќе биде земја на слободата и правдата за сите.

Share
Scroll to Top