„Сега или никогаш“ е најновата песна на македонскиот бенд „Фикшн“. Песната е инспирирана од New Wave и synth-pop звукот од ’80тите години и светските музичари како „Депеш мод“, „Дуран дуран“, „Полис“ и други. „Сега или никогаш“ е продолжение на приказната која бендот ја почна со својот претходен сингл „Дали знае“.
Автор на музиката и текстот е гитаристот на бендот, Виктор Захариев, а аранжманот го направи целиот бенд. Видеото го направи режисерот Јован Саркањац, во соработка со Сара Панковска и Мило Горгиевска. Миксот и мастерот се на Виктор Георгиевски, а графичкиот дизајн го изработи Катерина Даниловска.
„Фикшн“ е рок бенд од Скопје составен од Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара и вокал, Филип Андонов – бас гитара и Теодор Теодосиевски – тапани.