Појавата на таканареченот феномен крвава или црвена Месечина, го снимија голем број фотографи од целиот свет. Овој феномен е познат поради неговиот црвен отсјај, а фотографите го искористија моментот и го овековечија заедно со зачудувачки пејзажи.
Вчерашната појава на црвена Месечина обично се случува за време на помрачувањето, кога Земјата ќе се најде директно меѓу Месечината и Сонцето и кога планетата ќе ја сокрие Месечината од сончевите зраци.
На фотографиите може да се види овој феномен забележан во Сиднеј покрај зградите на Опера и кај Посејдоновите храм во Атина. Вчерашниот супер Месец, еден од трите оваа година, беше најголемиот супер Месец во оваа година, затоа што земјениот сателит беше најблиску до Земјата.
Супер Месечината можеше делумно да се види од секое место на светот, каде во тој момент била ноќ, а најмногу на оваа слика можеа да уживаат луѓето кои живеат во одредени делови на Азија, Австралија, САД и Јужна Америка.
Крвава Месечина можеше да се забележи вчера и на небото над Скопје.
Neither a supermoon nor a blood moon is that rare, but seeing both together is unusual, scientists say. It usually happens once every several years, depending on where in the world you live. https://t.co/quTdygVscKpic.twitter.com/C0YQmlEJCC
— The New York Times (@nytimes) May 26, 2021