(Видео) Фудбалер почина откако се самозапали пред полициска станица

(Видео) Фудбалер почина откако се самозапали пред полициска станица

пред 1 година

Фудбалерот на Тунис, Низал Ал Исави, починал неколку дена откако се обидел да се самозапали пред полициска станица. Инцидентот се случил во северната провинција Каируан во градот Хафуз. Се полил со бензин и се самозапалил, а медиумите пренесоа дека во болница бил донесен со изгореници од трет степен.

Објавил и видео на „Фејсбук“ пред да се самозапали. Рече дека бил неправедно обвинет за тероризам. Пред инцидентот отишол во полиција да поднесе пријава против трговец со банани со кого имал спор.

„Сакав да го свртам вниманието на полицијата дека еден од продавачите го прекршил законот, продавајќи банани по цена повисока од државната. „Мојата казна беше што ме обвинија за тероризам и ме вмешаа во случај со кој не сум поврзан“, вели тој во таа снимка.

Десетици пријатели на Ал-Исави протестираа на улиците на Хафуз. За потсетување, Ал-Исави играше за неколку фудбалски клубови во Тунис, вклучувајќи ги Union Sportive Monastirienne и EGS Gafsa. Видеото е на следниот линк.

Share
Scroll to Top