(Видео) Харисон Форд со сопругата и синот на одмор во Дубровник

(Видео) Харисон Форд со сопругата и синот на одмор во Дубровник

пред 3 години

Холивудскиот актер, Харисон Форд (79) заедно со неговата сопруга Калиста Флокхарт и нивниот син Лиам, се на одмор во Дубровник. Харисон и Калиста се прошетаа низ градот со маски на лицаето, а ги извадија додека им позираа на папараците. 

И двајцата беа обично облечени. Глуецот на себе имаше сива маица и панталони, а 22 години помладата сопруга беше облечена во црвен фустан со бели ѕвезди. И двајцата носеа патики.

Семејството ги посети некои од најегозитчните места во градот, а се искачиле и на ѕидините. Откако се симнале се прошетале по Страдун и влегле и во палатата Спонза, пишуваат хрватските медиуми.

Биле сликани и на терасата од вилата во која престојувале. Харисон доби и масажата на рамото кое го повреди во јуни.

 

Share
Scroll to Top