(Видео) Хари Стајлс прекина концерт за да помогне на негов фан да ја запроси девојката

(Видео) Хари Стајлс прекина концерт за да помогне на негов фан да ја запроси девојката

пред 2 години






Хари Стајлс ги воодушеви фановите во Австралија, каде периодов ја одржува својата турнеја Love On Tour. На еден од концертите во Бризбејн, му го подаде микрофонот на еден од своите фановите и му помогна да ја запроси својата девојка.
Видеото за кратко стана популарно на „Тик ток“ каде досега има речиси 200.000 лајкови. Стајлс им ја посвети на Стефан Филиповски и Кони Морисон и својата песна Cinema.

„Стефан звучи како најубавото момче досега“, рече Стајлс и му го подаде микрофонот.

„Само сакам да кажам колку Хари е добар, но има некој кого го сакам тука повеќе и со кого сакам да се оженам. Ќе се омажиш ли за мене Кони“, ја праша Стефан својата девојка.





Share
Scroll to Top