Најблиската соработничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Хоуп Хикс, е жената што го внесе коронавирусот во Белата куќа. Таа ги зарази Трамп и неговата сопруга Меланија со опасниот вирус.
Како што пренесуваат медиумите, Хоуп нема никаква врска со политиката, тоа не ѝ е професија, но сеедно, таа е личност од највисока доверба кај американскиот претседате, а сè до неодамна ја извршувашe функцијата директорка за комуникации во Белата куќа.
Таа наводно им рекла на своите колеги дека се повлекува оти постигнала сѐ што можела во Белата куќа. Хикс е четврти шеф за комуникации во оваа администрација.
Упатените и блиски до неа велат дека таа е вистински експерт за комуникации. Татко ѝ е регионален извршен директор на познатата американска пиар-компанија Ogilvy Public Relations Worldwide, a од 2010 година до 2015 година таа е и извршен директор на американсната Национална фудбалска лига.
Хоуп пораснала во Гринвич во Конетикат, каде што завршила средно училиште. Во слободно време работи и како модел, а има снимено реклама за „Ралф Лорен“ и се нашла на насловната страница на магазинот The it Girl во 2005 година.
Дипломирала англиски јазик во 2010 година, а од тогаш нејзината професионална кариера тргнала буквално во нагорна линија во Белата куќа.
Првата работа ја добила во њујоршката група „Зено“ но во 2012 година преминала во Hilcik strategy по што на „Супер боул“ се запознала со сопственикот на фирмата. Веднаш почнала да работи за неговата клиентка Иванка Трамп и нејзината модна линија.
Набргу почнала да работи и на други настани што ги организирало семејството Трамп. Таа била толку квалитетен кадар што Доналд Трамп во 2015 година предложил да биде негова секретарка за медиуми кога ќе ја почне кампањата за претседател на Америка. Ветувањето го исполнил.
За време на кампањата таа била дамата што им ја отворала вратата на новинарите, кои сакале да направат интервју со Доналд Трамп. Дневно одговарала на повеќе од 250 имејлови и носела одлуки со кои репортери ќе може да се разговара, а со кои не.
Во декември 2016 година објавено е дека ќе стане дел од администрацијата на Трамп во сосема нова улога, што претседателот ја создал само за неа – директорка на стратешки комуникации во Белата куќа.
Само еден месец по неговото именување, магазинот „Форбс“ ја смести меѓу „30 под 30, затоа што била единствената жена што раководела во историската претседателска кампања на Трамп.
Останало нејасно зошто никогаш директно не комуницирала со новинарите. Нејзината речитост јавноста ја видела додека Трамп ја претстави како своја блиска соработничка непосредно пред инаугурацијата. Таа се насмеала и само им го честитала Божик на сите. Тоа било тоа.
Хоуп е личност што често со големо воодушевување и почит говори за својот шеф. Некои дури веќе говорат дека се однесува како заљубена тинејџерка. Дека меѓу неа и Трамп има некаква хемија, говори и неговиот посебен однос што го има кон неа.
Ја вика Хопи или Хоупстер, понекогаш дури и пред другите вработени во Белата куќа. Некои тврдат дека кон неа се однесува многу повнималтено отколку кон првата дама Меланија.
За тоа сведочат и многу ситуации, како онаа на инаугурацијата кога Меланија ја заборави во автомобилот и сам тргна кон поранешниот претседател Обама и неговата сопруга Мишел.
Од тогаш вакви слични ситуации се повторија неколкупати. Хоуп не се одвојува од Трамп ни за момент. Нивните кабинети се еден до друг, а заедно одат и на службени патувања, каде што таа го следи во чекор.
Хопу шест години се забавувала со шефот на кампањата на Трамп, а кога таа била именувана за шефица на кабинетот во Белата куќа, веднаш ја прекинала врската поради, како што таа вели, многуте обврски што ги имала.
Нејзината мајка Кеј Ен вели дека се гордее со неа. Таа ѝ препорачала еден ден да напише книга за своето искуство со Доналд Трамп.
Трамп на Хоуп ѝ го има доверено својот „Твитер“, односно да ги запишува неговите твитови и да им диктира на лицата што ги објавуваат. Во тоа понекогаш знаела да направи некакви киксови, па често се случувало за некои од објавите да насмее милиони луѓе.
Трамп ја плаќа Хоуп приближно 15.000 долари месечно.