Пејачот од Македонија, Скопјанецот Бојан Илиевски настапи вчера во „Ѕвездите на Гранд“. 22 годишниот пејач дојде со баба му и имаше одличен настап, но најмногу го запаметија по неговата животна приказна заради која се расплака една од членките во жирито, Цеца Ражнатовиќ.
По одличниот настап баба му раскажа дека таа дошла со него затоа што Бојан од мал останал без родителите. Откако ја одбра Цеца да биде во нејзиниот тим и таа се расплака. За потсетување, Бојан доби шест гласови од жирито, а неговиот настап може да го видите на почетокот на видеото.