(Видео) Четири часа го тетовирав ликот на Тома: Скопјaнецот Влатко Здравков раскажа како настанала тетоважата која е хит на интернет

пред 3 години

Влатко Здравков е тату мајсторот кој ја направи тетоважата со ликот на Тома Здравковиќ на еден скопски менаџер за која се дозна на социјалните мрежи.

Тој за „Репортер“ ни откри дека тетоважата ја направил на негов близок пријател. Не било во план да го црта ликот на Тома, туку само еден стих од една негова омилена песна. На крај, место стих испаднал ликот на легендарниот пејач за кој неодамна се сними и филм и непрестануваа реакции и коментари.

„Ликот на Тома го тетовирав на мој пријател кој веќе подолго време ми бараше да му тетовирам само стих од една негова песна. Ми рече дека пораснал со песните на Тома, но, тој стих му оставил посебно значење. Кога кога прашав од каде е текстот и кој го напишал, ми рече од Тома. ‘Тоа е друже’, му реков јас. ‘Правиме и негов портрет’“, ни рече Влатко.

Влатко со тетовирање се занимава повеќе од 10 години. Има свое студио во кое досега има направено илјадници тетоважи. Тој ни кажа дека портретите му се особено драги и обоажва да ги црта. Секој портрет го прави со посебни емоции. За ликот на Тома му биле потребни 3 до 4 часа.

„Луѓето бараат сè и сешто. Секој има своја желба, па затоа сме ние тука артистите да им го дадеме најдоброто и најуникатното. Фала богу сега сме во фаза кога клиентите доаѓаат ги слушаме и според тоа што го сакааат креираме тетоважи. Уникатни и искрени само за нив“, ни рече Влатко.

Досега имал истетовирано многу ликови. Учел од интернет, но и од оние кои се поискуни од него и одамна се занимаваат со оваа работа.

„Прв пат тетовирав еден мој другар, а најмногу учев од мојот гуру, тату-мајсторот Горан Мичиќ. Тој најмногу ми помогна. Се разбира некогаш се случувало да имам и неуспешни тетоважи и секако од нив доаѓале и оние успешните. Тоа е всушност она што ме правеше поискусен за секоја следна тетоважа да ја направам уште подобра. Најдраги тетоважи што ги имам се оние на мене“, ни рече Влатко.

Љубиша Владимиров 

 

 

Share
Scroll to Top