Доктор од НАСА беше телепортиран со холограм до Меѓународната вселенска станица

Доктор од НАСА беше телепортиран со холограм до Меѓународната вселенска станица

пред 2 години

Хирургот на НАСА, Јозеф Шмид бил успешно телепортиран со холограм на Меѓународната вселенска станица. Таму разговарал и комуницирал со другите астронаути, соопштија од НАСА.

Овој експеримен бил изведен во октомври минатата година, но од НАСА решија да го објават дури вчера. Во експериментот учествувал и астронаутот од Европската вселенска агенција Томас Пескет, кој се врати на Земјата во ноември 2021 година.

Ова е првиот „холотранспорт“ експеримент изведен од Земјата во вселената и спроведен благодарение на технологијата на „Мајкрософт“.

„Тоа е сосема нов начин да се комуницира на големи растојанија“, рече Шмид и објасни дека станува збор за нов начин на истражување, со кој човекот ќе може да патува надвор од планетата.

За разлика од традиционалните холографски проекции кои изгледаат суспендирани во воздухот и може да ги види секој, холотранспортот бара употреба на слушалки за зголемена реалност, како што е технологијата Хололенс на „Мајкрософт“. Носителот може да комуницира со поединецот, на пример доктор, кој е на далечина и е снимен од повеќе камери.

Во овој случај, астронаутот на ЕСА, Томас Пескет, кој ги носеше слушалките на ISS, разговараше со Шмид и неговите членови на персоналот и Фернандо Де Ла Пена Лака, управниот директор на Aexa Aerospace кој го разви софтверот за холотранспорт за компјутерот користен од Пескет.

Иако технологијата на „Мајкрософт“ е достапна веќе некое време, до сега таа никогаш не била користена за поврзување на луѓето од Земјата со вселената. Оваа можност во иднина може да биде корисна во долготрајни мисии и да им овозможи на астронаутите да се консултираат со лекарите и техничарите.

НАСА планира да го користи холотранспортот и во иднина и да им овозможи на астронаутите во орбитата да вршат медицински прегледи и да се сретнат со членовите на семејството, но и да донесат познати личности да ја посетат Меѓународната вселенска станица.

Share
Scroll to Top