Американскиот глумец Арнолд Шварценегер објави видео во кое го замоли рускиот претседател Владимир Путин да ја запре војната во Украина. Глумецот им порача и на руските војници дека нивните животи ги даваат за бесмислена војна која ја осуди целиот свет.
Во деветминутното видео објавено на неговиот „Твитер“, глумецот и поранешен гувернер на Калифонија ја раскажа својата историја поврзана со Русија и рече дека силата и срцето на рускиот народ секогаш му биле инспирација.
I love the Russian people. That is why I have to tell you the truth. Please watch and share. pic.twitter.com/6gyVRhgpFV
— Arnold (@Schwarzenegger) March 17, 2022
„Ова не е војна за одбрана на Русија која ја водеа вашите дедовци и прадедовци. Ова е илегална војна“, рече Шварценегер, а потоа му се обрати и директно на Путин.
„Претседателе Путин. Ти се обраќам тебе. Ти ја започна оваа војна. Ти ја водиш оваа војна. Ти можеш да ја запреш оваа војна“, рече Шварценегер и рече дека го сака рускиот народ и дека затоа морал да ја каже вистината.