(Видео) Шефот на НАСА на Леонардо ди Каприо пред пет години му рекол дека светот го чека катастрофа

(Видео) Шефот на НАСА на Леонардо ди Каприо пред пет години му рекол дека светот го чека катастрофа

пред 3 години

Глумецот Леонардо Ди Каприо на промоцијата на новиот филм на „Нетфликс“, „Не гледај нагоре“, рече дека шефот на НАСА пред пет години му рекол дека светот го очекува катастрофа.

Глумецот зборуваше за проблемите со климатските промени и порача дека нема многу оптимизам кај него во поглед на тоа прашање.

„Се сеќавам кога работев на документарниот филм Before the flood. Тогаш го посетив шефот на НАСА кој детално му објасни што ќе му се случи на светот во наредните пет години. „Што ќе ѝ се случи на Калифорнија“, го прашав тогаш на што тој ми одговори: „Ќе има огромни пожари кои ќе уништат голем број дрва и шуми, а потоа ќе следи невидена суша низ целиот свет“, рече Лео.

Тој тврди дека занемерувањето на научната заедница и срамота за општеството и порача дека кропорациите мораат да дадат свој допринес ако сакаме позитивно да ја разрешиме оваа ситуација.

„Сè се сведува на еволуцијата на свеста на нашиот вид и одлуката останува на нас дали ќе реагираме на време. Сега експертите ни даваат рок од девет години во кои последиците од климатската криза ќе стануваат сè појасни, повидливи, пореални и неповратни. Тоа е она што не ме прави оптимист во целата оваа работа.

Светот кој го гледаме денес со сите овие катастрофи нема да се подобри, само ќе продолжи кон полошо“, рече Ди Каприо.

Глумецот рече дека се чувствува горд што е дел од филмот во кој се прикажани загриженоста и итноста на делување, но, смета дека тој напор мора да дојде од приватниот сектор, односно од компаниите кои произведуваат 70% од светските емисии.

За потсетување, неодамна дел од фановите го нападнаа Ленардо за неговото патување на одмор со јахта нарекувајќи го лицемерен. Од една страна се залага за промена и подобрување на климата, а од друга самиот тој ја загадува.

Фановите го нападнаа Леонардо ди Каприо за одморот на јахта, велат бил лицемерен кога се бори за климатските промени, а истовремено ја загадува природата

Share
Scroll to Top