(Видео) Јас мијам тенџериња, прашењето е ти што правиш ѝ рече Ноле на Јелена која му влета во кујната

(Видео) Јас мијам тенџериња, прашењето е ти што правиш ѝ рече Ноле на Јелена која му влета во кујната

пред 3 години

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена објави видео како тенисерот мие тенџериња по еден од натпреварите на УС Опен. И додека тој ги мие садовите, таа влегува во кујната и го прашува „Што правиш?“

„Работам прекувремено, работам трета смена за да заработам нешто. Ова ми е медитација. Терапевтски момент. Ова е час за опоравување. Прашањето е ти што правиш?“, вели Ѓоковиќ.

Тој откри и дека не сака машини за миење садови и на овој начин се одмора по напорниот ден.

Видеото стана хит на интернет и за еден ден има над 300.000 прегледи.

„Браво, Балканците нека научат од тебе дека мажите треба да работат дома“,  „Не штеди вода“, „Можеше да ја затвори чешмата“, се дел од коментарите.