Никола Јокиќ по освоената титула со Денвер, заминал со соиграчите во ноќен клуб во Вегас. Со нив бил и неговиот поранешен соиграч Брус Браун кој рече дека целата вечер уживале во алкохолот, но и Јокиќ му понудил српска ракија. Мислел дека тој ќе може да го опие Јокиќ, но испаднало обратно.
Утредента кога станал рече дека се чувствувал утепан.
„Пиевме некое српско виски, а јас имав за цел да го напијам Јокиќ. Но тој го сврти сценариото. Поголем е од мене, не размислував воопшто на тоа. Не можеш да пиеш со него, ја научив таа лекција. Поинаков е. Никогаш повеќе. Имав лет следното утро, а се разбудив во 11:50“, рече Брус Браун.