(Видео) Љубовницата на Путин му родила близнаци

(Видео) Љубовницата на Путин му родила близнаци

пред 4 години

Алина Кабајева поранешната руска гимнастичарка, која во јавноста е позната и како љубовницата на рускиот претседател Владимир Путин, родила близнаци. Таа во јавноста не е видена од 2018 година, а за неа се шпекулира дека му родила два сина на Путин.

Наводно близнаците ги добиле во мај 2019 година. Еден руски медиум, кој ја пренел информацијата за кратко време го избришал текстот. Се верува дека Кабајева се породила во една од болниците во Москва.

Кабајева која е добитничка на олимписки златни медали, ретко се појавува во јавноста. Таа живее повлечен живот и затоа во јавноста се појавуваат многу шпекулации за нејзиниот мистериозен живот.

„Путин вешто ја чува својата приватност. Неговите две ќерки со години живеат под лажни имиња. И денес не се споменуваат често, а ако се споменат, не ги наведуваат нивните имиња. Ако Алина родила негови деца, нејзиното исчезанување од јавниот живот, е најголемиот успех на Путин, кога станува збор за чувањето на приватноста“, изјавил извор близок до Путин за британски „Сан“.

Како што вели тој, безбедноста на семејството за Путин претставува опсесија. Веќе со години во Русија кружат приказни дека претседателот е во врска со 30. години помладата спортистка.

За потсетување, според пишувањата на руските медиуми, минатата година, четвртиот кат во Истражувачкиот центар за акушерство, гинекологија и перинатологија, специјално бил уреден за поранешната гимнастиччарка и пратенчка во партијата на Путин.

Еден од водечките весници во Москва, на својот портал ја објави оваа приказна, која потоа изненадувачки за кратко време беше избришана. Сергеј Канев, истражувачкиот новинар, кој бил близок со руските безбедносни служби, тврдел дека Алина родила близнаци.

Тој вели дека бил известен, дека биле ангажирани голем број на офицери од службите за безбедност, кои ги прегледале сите места во породилиштето пред неговото доаѓање.

„Половина од медицинскиот персонал, беа исфрлени од ова одделение“, изјавил тој, повикувајќи се на сопствен извор.

Познат лекар од Италија, бил тој кој му помогнал во породувањето, со асистенција на познат академик, директор на медицински центар.

„Мајката роди две момчиња. Мораше да се направи царски рез“, изјавил тој.

Но, наброз потоа стигнала информацијата од породилиштето, дека жената која се породила, не била Алина Кабајева, туку фото моделот Саша Кабајева, учесничка во „Дом“, руска верзија на шоуто „Фарма“.

Во последните години, Кабајева во повеќе наврати ги демантирала наводите дека има деца. Но, тоа не ги прекина трачевите дека таа и Путин имаат тајно семејство. Некои медиуми пренесуваат дека покрај близнаците, таа има уште деца со рускиот претседател.

Во 2015 година, исто така се пишувало дека Кабајева се породила и дека на Путин му родила син во една клиника во Швајцарија.

Share
Scroll to Top