Филмот за Тома Здравковиќ проширен во серија од осум епизоди

Филмот за Тома Здравковиќ проширен во серија од осум епизоди

пред 2 години

Еден од режисерите и сценаристите на филмот „Тома“, Зоран Лисинац, изјави дека доаѓа и истоимената серија, која ќе биде поразлична од биографскиот филм за легендарниот фолк-пејач Тома Здравковиќ.

„Серијата има осум епизоди и потемелно го следи неговиот живот, а ги опфаќа и сите негови жени. Во серијата ќе има 400 минути материјал“, изјави Лисинац за српските медиуми.

Тој додаде дека серијата ќе почне да се прикажува оваа есен.

Филмот „Тома“ во режија на Лисинац и Драган Бјелогрлиќ го прикажува пејачот на почетоците на својата кариера, го следи текот на неговата слава, но и падовите кои ги доживеал во приватниот живот. Главниот актер Милан Мариќ, кој го толкува ликот на Здравковиќ, оствари голем успех во целиот регион уште на самата примиера на 15 октомври.

Share
Scroll to Top