(Видео) „Њујорк пост“ објави тајни имејлови кои ја откриваат целата корупција на семејството Бајден

(Видео) „Њујорк пост“ објави тајни имејлови кои ја откриваат целата корупција на семејството Бајден

пред 4 години

Американскиот весник „Њујорк пост“ објави тајни преписки кои ја откриваат целата корупција на семејството на демократскиот кандидат за претседател, Џо Бајден.

Весникот пишува дека Хантер Бајден, синот на Џо Бајден, го запознал својот татко со челникот на украинската компанија „Буризма“.

Средбата се случила една година откако Џо Бајден веќе ја извршувал функцијата американски потпретседател и направил притисок врз украинската влада да го смени јавниот обвинител, кој го истражувал случајот со работата на „Буризма“.

Ова откритие доаѓа во финишот на предизборната трка во САД и може целосно да му ги ослабе шансите на Џо Бајден.

„Њујорк пост“ текстот го има објавено и на своите платформи на „Фејсбук“ и „Твитер“, но административците од овие социјални мрежи им го имаат тргнато и блокирано.

Весникот се повикува на имејловите кои се појавија во јавноста, а кои Вадим Пожарски, висок функционер во украинската енергетска компанија „Буризма“, му ги испратил на Хантер Бајден на 17 април 2015 година.

Пожарски му ги испратил имејловите откако Бајден станал член на управниот одбос со плата од 50.000 долари месечно. Состанокот за кој не се знаело досега се споменува и во пораката за благодарност, која Пожарски му ја испратил на Бајден.

„Драги Хантер, ти благодарам што ме повика во Вашингтон и ми овозможи да се сретнам со твојот татко и да поминам некое време со него. Тоа претставува чест и задоволство за мене“, стои во имејлот.

Претходен имејл од мај 2014 година исто така покажува дека Пожарски, кој бил трет човек во „Буризма“, го замолил Хантер за совет за тоа како би можеле да го искористат неговото влијание во корист на компанијата.

Ова откритие доаѓа во момент кога Бајден тврдел дека никогаш не разговарал со синот за неговите бизнис-активности кои ги правел надвор од Америка.

Само осум месеци по испратениот имејл, во кој Пожарски му се заблагодарил на Хантер што го запознал со татко му, тогашниот потпретседател на САД стапил во контакт со украинскиот лидер Петро Порошенко и премиерот Арсениј Јацењук за да им изврши притисок.

Џо Бајден барал од нив да го сменат тогашниот јавен обвинител Виктор Шокин заканувајќи им се дека ќе го прекине заемот од Америка, кои тие го добиваат во висина од милијарда долари. Постариот Бајден тврди дека барал смена на Шокин поради сомнение за корупција.

Сомнението за корупција направено од страна на Шокин го потврдила и самата Европска Унија, вели Џо Бајден. За овој случај Бајден зборувал во 2018 година пред Советот за надворешни работи на САД, каде што признал дека извршил притисок врз украинските претставници.

„Ги погледнав и им реков дека си заминувам за шест часа. Ако обвинителот не биде отпуштен, нема да ги добијат парите“, сведочел Бајден пред Советот за надворешни работи на САД во 2018 година.

Шокин изјавил дека во времето кога бил отпуштен, во март 2016 година, имал посебен план за истрага на компанијата „Буризма“, која вклучувала и испрашување на сите членови на бордот на директори, вклучувајќи го и Хантер Бајден.

Во меѓувреме, имејлот датиран на 12 мај 2014 година, набргу откако Хантер Бајден станал член на бордот на директори на „Буризма“, покажува дека Пожарски се обидел да го искористи неговото политичко влијание во корист на компанијата.

Пораката со наслов „Итна работа“ била испратена и на деловниот партнер на Хантер, Девон Арчер, кој исто така бил во бордот на „Буризма“ во тој период.

Пожарски напишал дека претставниците на новите власти агресивно се обидуваат да му се доближат на Н.З. за да извлечат пари од него.

Н.З. бил идентификуван во имејлот, но се претпоставува дека се работи за Миколи Злочевски, чие име во украинската верзија е име на Никола. Кога пропаднал обидот да се земат пари, преминале на конкретни акции во форма на истражна постапка, напишал Пожарски.

„Итно ни е потребен твој совет за да можеме да го искористиме твоето влијание и да испратиме порака или сигнал да се спречи она што се смета за политичка мотивациска акција“, додал Пожарски.

Хантер Бајден му одговорил дека е со Арчер во Катар и побарал повеќе информации за формалните обвинувања кои ѝ се ставаат на товар рет на „Буризма“.

„Кој стои зад тој напад на компанијата? Кој во овој момент во преодната влада може да го спречи овој напад“, напишал Хантер Бајден.

Размената на имејлови следувала истиот ден кога „Буризма“ соопштила дека еден од членовите на бордот на директори во компанијата е Хантер Бајден, кој е задолжен за правниот дел и обезбедување поддршка во меѓународните организации.

Ова стоело во соопштението, кое во меѓувреме било тргнато од интернет-страницата на „Буризма“. Според медиумските извештаи, Хантер Бајден влегол во бордот на директори на „Буризма“ во април 2014 година. Неговиот адвокат соопштил дека Бајден Помладиот не бил дел од менаџментот.

Тој истакнал и дека Бајден не бил задолжен за правните активности на компанијата.

Четири месеци по преписката меѓу Бајден Помладиот и Пожарски, Арчел испратил имејл до Хантер со наслов: „Влијание на растот на данокот на производството на компанијата“.

Во него се споменуваат и зборовите на Пожарски дека украинската влада предложила нов парламентарен закон за даночење.

„Ако биде усвоен, тој закон во зачеток ќе ја убие целата приватна гасна продукција“, напишал Пожарски.

Во септември 2014 година Пожарски исто така навел дека тие информации ќе ги сподели со американската амбасада во Киев и канцеларијата на Амос Хохштајн во САД.

Во тоа време Хохштајн бил специјален пратеник и координатор на Стејт департментот за меѓународни енергетски активности.

Во декември 2017 година украинската државна компанија „Нафтогаз“ објавила дека Хохштајн им се придружил како независен директор, но дека тој пред неколку дена поднел оставка.

Џо Бајден досега негирал дека постои каков било конфликт на интереси во врска со неговата некогашна функција и работата на неговиот син во „Буризма“.

Во февруари, на прашањето дали постои нешто погрешно во тоа што Хантер Бајден ја прифатил функцијата во украинската компанија знаејќи дека таа компанија сака да дојде до него како потпретседател, Бајден одговорил дека тоа не е вистина.

За време на конвенцијата на демократите во декември во Ајова, еден од членовите на партијата го обвини Џо Бајден дека го испратил синот во Украина да добие работа во гасната компанија иако не знаел ништо за гасот, само за да има пристап до претседателот.

Бајден на тврдењето реагирал гневно одговорајќи му на членот на партијата дека е проклет лажго кој говори невистини. Истовремено, упатил навреди за неговиот физички изглед.

„Њујорк пост“ тврди дека имејловите се обелоденети од лаптопот кој во 2019 година бил донесен во сервисот во матичната држава на Бајден, Делавер.

Како што наведува американскиот весник, покрај имејловите, се појавила и видеоснимка, на која се гледа како Хантер Бајден користи наркотици.

Сопственикот на сервисот тврди дека лаптопот го донел човек кој никогаш повторно не се појавил, не го платил сервисирањето и не успеале повеќе да стапат во контакт со него.

Тој не можел да потврди дека лаптопот го донел Хантер Бајден, но изјавил дка на него имало налепница со името на фондацијата „Бо Бајден“, која го носи името на покојниот брат на Хантер.

Според тврдењата на „Њујорк пост“, ФБИ,= во декември го запленил лаптопот кога сопственикот известил за неговото постоење, но претходно направил копија на хард дискот, која му ја дал на адвокатот Роберт Костело, поранешен застапник на градоначалникот на Њујорк, Руди Џулијани.

Стив Бенон, поранешен советник на Доналд Трамп, уште во декември тврдел дека постои копија од тој хард диск, а потоа Руди Џулијани му ја предал на весникот „Њујорк пост“.

„Њујорк пост“ ги испратил прашањата до ФБИ поврзани со заплената на лаптопот, но тие ги упатиле до канцеларијата на обвинителството во Делавер. Таму им е кажано дека не може ниту да ги потврдат ниту да ги демантираат информациите поврзани за истрагата.

И адвокатот на Хантер Бајден одбил да ги коментира овие обвинувања напаѓајќи го Џулијани. Во изборниот штаб на Бајден демантираа дека поранешниот потпретседател на САД имал состанок со Владим Пожарски.

„Го проверивме официјалниот распоред на Џо Бајден и неговите состаноци во тоа време и можеме да кажеме дека таква средба немало“, изјавил претставникот на Бајден во изборниот штаб, Ендрју Бејтс, за „Њујорк тајмс“.

Пожарски не сакал да ги коментира ваквите тврдења за „Њујорк пост“. Инаку, на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ се блокирани споделувањата од овој текст на весникот. Во образложението е наведено дека бил користен хакиран материјал.

Подоцна, генералниот директор на „Твитер“, Џек Дорси, навел дека таквиот потег на социјалните мрежи е неприфатлив.

Share
Scroll to Top