(Видео) Њујорчанец ја оставил сопругата за 20 години помлада дадилка, па сега сите ја напаѓаат девојката на Тик ток

(Видео) Њујорчанец ја оставил сопругата за 20 години помлада дадилка, па сега сите ја напаѓаат девојката на Тик ток

пред 2 години

Додека многумина своите партнери ги запознаваат преку пријатели, на ноќно излегување или преку апликации на интернет, 30 годишната Кристи својот сегашен сопруг Бен го запознала во 2014 година за време на интервју. Бен ја ангажирал како дадилка на неговите деца, а брзо потоа меѓу нив се случила романса.

dobivaj vesti na viber

Таа поминала одлично на интервјуто. Не само што ја добила работата, туку успеала да си најде и сопруг кој е 20 години постар од неа. Меѓу нив двајца се развила таква врска, што сега Кристи вели дека има одлични односи и со неговите деца кои се само неколку години помлади од неа.

Голем број од нејзините следачи ја критикуваат и навредуваат затоа што е во брак кој е постар од неа, а кој и на почетокот и бил шеф. Кристи се обидува на Тик ток да покаже дека не ѝ е гајле многу за туѓите мислења. Бракот со Бен е главна тема, а таа им порача на сите дека нивната љубов е силна без разлика на годините.

„Кога мислите дека ангажирате дадилка на пола работно време, но ќе завршите со жена со полно работно време“, напиша Кристи и додаде дека многу од луѓето мислеле дека е луда што излегувала со него.

„Вечерва славиме пет години брак и седум години сме заедно со три возрасни деца и мојот 11 годишен син. И добредојдовте на Тик ток, за сите вие кои не се срамите од тоа што сте 20 години разлика со партнерот“, им порача Кристи на сите оние кои ја следат, но и кои го не го поддржуваат нејзиниот брак.

Share
Scroll to Top