Водич како да патувате без пластика

Водич како да патувате без пластика

пред 3 години

Сезона е на годишни одмори и плажи, а факт е дека ни на најубавите плажи понекогаш не можеме да го избегнеме пластичниот отпад кој ја гуши природата, но и го уништува нашето уживање.

Поради тоа, Светскиот фонд за природа (WWF) објави мал водич за патување и насоки како да патувате без да користите пластика.

Користете стаклени шишиња или термос, не купувајте вода.

На патниците им се советува да користат стаклени шишиња или термос каде би ја одржале водата, која ја понеле од дома, ладна, за да не мора постојано да купуваат вода во пластични шишиња.

Носете со себе чинија и прибор за јадење, во платнена торба.

На пат можете да понесете со себе повеќекратни чинии и прибор за јадење и тоа во платнена торба, наместо во пластични кеси. Се работи воглавно за прибор кој се користи при кампување.

Барајте сместување и козметика со ознака за одржлив развој.

Доколку сакате во потполност да ја избегнете пластиката, тогаш морате да почнете да ја избегнувате и козметиката која содржи микропластика.

Кога бирате сместување, барајте го оној кој има ознака за одржив развој, истакнува WWF во својот водич, а кога ќе дојдете до одредиштето, распрашајте за квалитетот на вода од чешма.

Во некои места водата од чешма се вели дека не се пие, но тоа често не е вистина, напомнува WWF и додава дека е добро шишињата за вода да се полнат и на јавните чешми.

Избегнувајте храна на еднократни пластични чинии.

Исто така се советува да ги избегнувате продавниците за брза храна која храната ја служат на еднократни чинии со пластичен прибор за јадење.

Кога и да можете, избегнувајте спакувани прехранбени производи.

Што се однесува до отпадот, не го оставајте онаму каде што би можел да заврши во море.

Share
Scroll to Top