Рускиот претседател Владимир Путин, денес, преку видео конференција им се закани на сите оние кои сакаат на било каков начин да отцепат било кој дел од Русија, ќе им ги скршел забите.
„Сите сакаат нешто да одгризат, но, треба да знаат дека ќе им ги скршиме забите за да не можат да гризаат“, изјавил Путин.
Тој како пример ги навел разговорите на голем број политичари кои говореле дека богатството кое се наоѓа на Сибир, било неправедно во сопственост на Руската Федерација. Путин се закани дека Русија нема да остане без одговор на обидите некои да задираат на руската територија.
Putin: Everyone wants to “bite” us, or “bite off” something from us…
But, those who are going to do this should know that we would knock their teeth out, so that they are not able to bite at all.
Unlike Lavrov, Putin is not a diplomat?
— Vera Van Horne (@VeraVanHorne) May 20, 2021
Претседателот нагласил дека ќе направи сè што е во негова моќ, за да ја зачува и зајакне земјата, додавајќи дека Руската Федерација ја поседува најсовремената нуклеарна сила за одвраќање на непријателите.
За време на говорот, рускиот лидер зборуваше и за честите обиди за клевета и искривување на историјата на Големата патриотска војна, вклучувајќи го и перењето на мозоците на младите Руси.
„Постои само една причина, да се задржи Русија. Колку е посилна, толку е понезависна и доследно ќе ги брани своите национални интереси. Многу се желбите кои сакаат Русија да ослабне и да се дискредитира нејзината вредност“, додал Путин.