(Видео) Џамбазов ги поздрави Борисов и Каракачанов со „Бела чао“

(Видео) Џамбазов ги поздрави Борисов и Каракачанов со „Бела чао“

пред 3 години

Песната Бела чао (Bella ciao), „Збогум убавице“, е италијанска партизанска песна која низ светот се користи како химна на слободата и отпорот.

Актерот Игор Џамбазов ја испеа својата верзија со која ги поздрави премиерот Борисов и вицепремиерот на Бугарија и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов.

„Каракачанов, Бојко Борисов, о бела чао, бела чао, бела чао, чао, чао… Партиџано – тоа сме ние, вие сте тие, другите, запеа тој на видеото.

За потестување , актерот Драган Спасов-Дац и композиторот Александар Митевски за време на карантинот во Македонија, направија своја верзија на песната, насловена како „Корона чао“. Песната му се допадна и на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кој сподели на социјалните мрежи како ја слуша во автомобилот.

 

Share
Scroll to Top