(Видео) 50 минути тренинг за цело тело: Вежби со Рита Конзулова

(Видео) 50 минути тренинг за цело тело: Вежби со Рита Конзулова

пред 2 години

Вистинско време е за фит тело. Освен добар начин на исхрана  најважно е и вежбањето. Видеотренинг и предизвик од Рита Конзулова, инструктор по пилатес од Fame Fit.

Тренингот со загревање на телото, имаме 3 сета вежби, секој сет се состои од 4 вежби. Сетовите ги правите во една, две или три серии. Со овој тренинг ќе го активираме целото тело, добивате total body workout.

Првиот сет го почнуваме со странични скокови, скокови со исчекор и ротација на страна, пленк со истегнување наназад и нозе на страна, а завршуваме со стомачни. Ги активираме мускулите на долниот дел на телото.

Вториот сет вежби ги активира мускулите на нозе и задник, работиме измеѓу и пленк положба со ротација на раце напред и назад.

Третиот сет го почнуваме со вежба за задник, заден дел нозе и долен дел на грбот, искомбинирано со стомачни вежби.

Share
Scroll to Top