Истражувачката компанија „Економист Интелиџент Јунит“ годишно објавува извештај во кој ги рангира најдобрите и најлошите градови за живеење во изминатата година.
Во ова истражување, градовите беа разгледани и оценети во пет категории: безбедност, култура, здравство, образование и инфраструктура. По трет пат во изминатите пет години, Виена го зазеде првото место во најдобрите градови за живеење. Доби максимални бодови за безбедност, здравство, образование и инфраструктура. Следуваат Копенхаген и Цирих, кој го дели местото со Калгари.
На петтото место е уште еден канадски град Ванкувер, а во првите десет влегоа и Женева, Франкфурт, Торонто, Амстердам, Осака и Мелбурн. Во извештајот се наведува дека средните градови во богатите земји генерално поминале исклучително добро во истражувањето.
Заедно со најдобрите градови за живеење анализирале и кои се најлошите. Најмалку поени во нивната анализа имал Дамаск во Сирија, потоа Лагос во Нигерија и Триполи во Либија. Извештајот ги припишува нивните резултати на социјалните немири, тероризмот и конфликтите во секоја од земјите.