„Викиликс“ објави документ кој открива дека Стив Џобс боледувал од ХИВ

„Викиликс“ објави документ кој открива дека Стив Џобс боледувал од ХИВ

пред 3 години

Порталот „Викиликс“ објави документ според кој, еден од основачите и главен раководител на компанијата „Епл“, Стив Џобс, бил позитивен на ХИВ вирусот, пренесува порталот „Информер.рс.

„Викиликс“ го објавил тестот на половата болест, а на кој може да се види дека станува збор за податоци кои се однесуваат на Стив Џобс. Според тој тест, Џобс немал кламидија (тивка сексуално пренослива болест) ниту пак ганореја.

Но, затоа според тестот за ХИВ-1, пишува дека тој бил позитивен. Тестот наводно бил направен на 1. септември 2004 година, а Џобс починал на 24. февруари 2011 година, односно неполни 7 години подоцна.

Интересно е дека Џобс, официјално, бил опериран од редок вид на тумор на панкреасот, токму во 2004 година и тоа околу месец дена пред да го направи наводниот објавен тест за полови болести.

Извор/Информер.рс/Викиликс

 

 

Share
Scroll to Top