„Бегството од Шошенк“ е најдобар филм на сите времиња

„Бегството од Шошенк“ е најдобар филм на сите времиња

пред 3 години

Страницата на филм и филмска критика IMDВ го избра „Бегство од Шошенк“ за најдобар филм на сите времиња.

Култниот филм од 1994 година го режираше Френк Дарабонт. Тој го напиша и сценариото за филмот, базирано на истоимениот роман, „Бегство од Шошенк“ на Стивен Кинг. Главните улоги ги играа Тим ​​Робинс и Морган Фримен, како затворениците Енди Дуфрен и Елис Бојд Ридинг.

Иако рецензиите за филмот беа позитивни, тој финансиски помина лошо, бидејќи не заработи ни милион долари за време на првиот викенд, а до крајот на прикажувањето оствари заработка од околу 16 милиони долари. Ова не било доволно да ги покрие трошоците за снимање и маркетинг, бидејќи компанијата потрошила 25 милиони долари.

Денес, „Бегство од Шошенк“ е прв на листата на 250 омилени филмови на IMDB со повеќе од милион гласови.

Share
Scroll to Top