„Википедија“ одбележа 20 години постоење: Бесплатна енциклопедија за цел свет

„Википедија“ одбележа 20 години постоење: Бесплатна енциклопедија за цел свет

пред 3 години

На 15 јануари 2001 година, американецот Џими Велс ја лансираше „Википедија“ , она што денес е еден од најпосетуваните сајтови во светот. Идејата на Велс да развие бесплатен енциклопедиски проект исклучиво за некомерцијални цели, била речиси незамислива.

Тој бил воден од желбата на едно „онлјан“ место да ги собере најважните факти од целиот свет, па со помош на многу волонтери од целиот свет успеа да ја реализира својата замисла.

На почетокот, содржината на „Википедија“ беше само на англиски јазик. А веќе во март 2001 година, се појави на германски и шведски јазик, па на француски, италијански, кинески, руски…

20 години подоцна, „Википедија“ има повеќе од 55,5 милиони статии и верзии на 306 јазици, а бројките постојано растат.

Спротивно на традиционалните енциклопедии напишани од реномирани експерти и научници, „Википедија“ е збирка на информации и собрани знаења, обработени и објавени од волонтери.

Иако темите третирани на овој начин честопати се критикувани од академските кругови, „Википедија“ од друга страна, стана една од најкорисните алатки на многу ентузијасти, љубители и обожаватели на многу теми од науката, историјата, технологијата, културата и природата.

И покрај критиките, содржината постојано се модерира, така што не може целоснио да се тврди дека написите не се целосно издржани со факти.

 

Share
Scroll to Top