Кралскиот пар, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон цела недела посетуваа центри и важни локации за да го одбележат Светскиот ден на менталното здравје.
Како дел од тоа, на задоволство на членовите и публиката која случајно се нашла таму, тие се приклучија на работилницата за ментална кондиција, организирана од хуманитарната организација SportsAid, чиј покровител е принцезата, пренесува Дејли Мејл.
Ним им се придружија спортистите, олимпискиот веслач Сер Метју Пинсент и Ели Симондс, поранешна параолимписка пливачка.
Сите ги забележале завоите на нејзините прсти, за кои открила дека се поради повреда од трамболина, а на работилницата дознале како програмата SportsAid им помага и ги поддржува младите спортисти и ја гради нивната ментална кондиција.
Покрај тоа што Кејт уште еднаш ги израдува фановите со едноставна модна комбинација, таа имаше и посебен детал на себе – избра златни обетки со ѕвезди кои на почетокот на оваа година и ги подари жена која ја загуби ќерката на 17 години.
Парот се придружија на толпата во различни активности и игри, со разиграност и спортски дух што не се гледаат секој ден од британските наследници.
Тие се испробаа во нетболот на практични сесии кои ја тестираат нивната ментална издржливост преку вежби за постигнување голови и голболот, параолимписки спорт за спортисти со оштетен вид.
Покрај тоа, во текот на неделата одржаа форум за ментално здравје во Бирмингем, Кејт го посети Универзитетот во Нотингем, а Вилијам разговараше со службениците на службите за итни случаи кои размислуваа за тешкиот психолошки аспект на нивната работа.
Не е тајна дека Кејт е омилен член на кралското семејство, а оваа година парот ја прослави 12-годишнината од бракот, која ја објавија на социјалните мрежи. Тие се венчаа во Вестминстерската опатија на 29 април 2011 година.
Две години подоцна го добија синот Џорџ (10), а заедно ја имаат ќерката Шарлот (8) и синот Луис (5). Британскиот писател Том Квин неодамна откри дека зад затворени врати не се идеална двојка, но лесно знаат да постигнат компромис и да го направат бракот уште поуспешен.