Винарија Сковин група продолжува да ја пишува својата 41 годишна успешна приказна

Винарницата „Сковин група“ продолжува да ја пишува својата 41-годишна успешна приказна

пред 3 години

Винарницата „Сковин група“ продолжува да ја пишува својата 41-годишна успешна приказна, изјави генералниот директор на винарницата „Сковин група“, Александар Тренчевски, на денешната презентација по повод новите предизвици на винаријата.

„Винарницата ‘Сковин група’ продолжува да ја пишува својата 41-годишна успешна приказна. Македонија се протега на медитеранскиот појас за кој легендите, летописите и митовите велат дека е татковина на виното. Овде овој божествен напиток кој го бодрел духот и на античките божества, и на народните херои, и на поетите, се произведува повеќе од пет илјади години. Нему и сладострасниците и научниците со право му припишуваат цела дузина не само хранливи, гозбени и лековити вредности, туку и некои таинствени својства, способности да ги развие креативните сили на човековиот дух. Виното ги вдахнува даровите на природата и некои импулси на својата фантазија, култура и човечност. На територијата на Македонија се менувале кралства и империи, доминирале или се провлекувале разни религии и цивилизации, но култот спрема виното никогаш не ја губел својата постојаност, трајност и привлечност. Плодовите на таа традиција живеат и денес. Оваа македонска приказна за квалитетното македонско вино ја препознаа и нашите пријатели од Сингапур, кои решија да инвестираат во овој божествен напиток. За таа цел е формирана ‘Балкан холдингс’ ПТЕ.ЛТД. во Сингапур, којашто пред една година го купи асетсот и правата на брендот Сковин продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим“, рече Тренчевски.

Тој кажа дека „Сковин“ во моментов е во период на интензивно развивање и унапредување.

„Винарницата ‘Сковин група’, како најголема скопска винарница, е винарска визба со капацитет од 17,5 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината на винарницата ‘Сковин група’ имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали, а годинава винарницата ‘Сковин група’ се стекна и со признанието Супербренд на Македонија. Најголем дел од своето вино винарницата ‘Сковин група’ го пласира во регионот и на пазарот на Европската Унија. Други знaчајни пазари на винарницата ‘Сковин група’ се и оние на Далечниот Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година сè повеќе се зголемува. Вината на винарницата ‘Сковин група’ можат да се најдат и во прекуокеанските земји, како Австралија, Канада, Сингапур и САД“, изјави генералниот директот на винарницата ‘Сковин група’.

Една од главните карактеристики и предности на винарницата „Сковин група“, додаде тој, се сопствени лозови насади кои овозможуваат да се контролира квалитетот на грозјето Македонија.

„Македонија е земја која е позната по квалитетот на црното грозје, а виновите насади на Сковин се простираат на 575 хектари од кои најголемиот дел се лоцирани во регионот на Маркова Сушица, на југозападната падина на Водно, а другиот дел се лоцирани во Тиквешкиот Регион, во месностите Сопот и Сирково. Квалитетот на нашите производи е наша голема грижа, како што е наша грижа и развојот на компанијата. Но грижа на винарницата ‘Сковин група’ се и нашите вработените, чија заслуга е растот на компанијата и палетата нови производи. Новите сопственици задржаа 45 вработени од ‘Сковин’ АД. И покрај кризата поради Ковид-19, со која се соочува не само нашата земја туку и целиот свет, успеавме не само да ги задржиме сите вработени, туку и да го зголемиме нашиот тим за уште 30 нововработени и во моментов броиме вкупно 75 вработени. Веруваме дека ќе расте компанијата, ќе се зголемува нашиот тим и дека Македонија ќе ја препознае нашата искрена намера да ја продолжиме вековната традиција. Очекуваме и веруваме во фер натпревар со нашите конкуренти. Знаеме дека уште долго ќе уживаме во вкусот на овој божествен напиток. Најдобрите вина се оние што ги пиеме заедно со луѓето кои ги сакаме. Да наздравиме со винарницата ‘Сковин група’ во име на традицијата, пријателството, љубовта. Да наздравиме за животот“, изјави генералниот директор на винарницата ‘Сковин група’, Александар Тренчевски.

Главниот енолог и директор на производство, Венера Гелебешева-Крстиќ, кажа дека со цел да се задоволат различнте вкусови на потрошувачите, винарницата ‘Сковин група’ има широка палета производи, повеќе од 24 различни типови и категории на вина и два типа на ракии.

„Во делот на вината застапена е со различни типови на квалитет на вина, почнувајќи од трпезни вина, вина со стандарден квалитет наменети за пошироката публика и, секако, она што е круна, е палетата на висококвалитетни и врвни вина. Цел ни е оваа палета на висококвалитетни и врвни вина сè повеќе да ја прошируваме. Тука би ги издвоила најпрепознатливите и први врвни вина воопшто на македонскиот пазар, а тоа се вранецот Марков Манастир и Скупи куве. Најнови висококвалитетни вина се Кратошија, Пино ноар и Санџовезе.
Во делот на ракиите продолжуваме со двата наши најпознати бренда Жолта ракија  Сковин, која во многу скоро време ќе се ребрендира во Жолта ракија Скупи и секако дел од нашата програма е добро познатата ракијата Марков манастир. Ги унифициравме етикетите, шишињата, тапите – Сковин добива препознатлива амбалажа, вино со проверен квалитет. Палетата нови производи, како и старите познати вина, со сега уште подобар вкус и квалитет веќе неколку месеци можат да се најдат на македонскиот пазар, како и на пазарот од ексјугосовенските земји, земјите од Западен Балкан и Азија и во Јапонија. Развојот не завршува овде. Постојаното развивање е основната идеја околу која винарницата ‘Сковин група’ ги води сите активности па во следниот период можете да очекувате уште многу новитети од вашата омилена винарска визба ‘Сковин’“, кажа Гелебешева-Крстиќ.

(ПР текст)

Share
Scroll to Top