Внуката на кралица Елизабета вози половен Фолксваген и заработува 7 фунти на час

Внуката на кралица Елизабета вози половен Фолксваген и заработува 7 фунти на час

пред 9 месеци

Внуката на кралица Елизабета Втора, Лејди Луиз Виндзор (19) е осма во редот за престолот каде што денес седи кралот Чарлс. Таа е ќерката на братот на кралот, принцот Едвард, и   избира многу поскромен живот. Таа била фотографирана викендов додека се возела во половен Фолксваген Поло. Како и многу нејзини врсници, таа наводно го заработила својот прв автомобил преку летна работа во блиската градинка, изјави извор за Сан, додавајќи дека Луиз заработувала нешто помалку од 7 фунти на час.

Нејзините работни обврски вклучуваат работа на каса, ги поздравуваше клиентите и ги потстрижуваше растенијата, а еден набљудувач рече дека била љубезна и внимателна и дека ужива во својата работа.

„Идејата за летна работа дојде од самата Луиз, која штедеше за својот прв автомобил. Сумата што ја заштедила од првата работа ја дополниле нејзините родители, а таа купила користено сино VV Polo и за прв пат го положила возачки испит“, рекол изворот.

Инаку, Лејди Луиз се запишала на колеџот Сент Ендрус, на кој присуствувале принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. За скромноста на Луиз зборува и фактот што кога наполнила 18 години одбила да ја користи титулата „Нејзиното височество“.

Share
Scroll to Top