Внукот на Елвис Присли кој се самоуби, пател од депресија и бил зависник од алкохол и дроги

Внукот на Елвис Присли кој се самоуби, пател од депресија и бил зависник од алкохол и дроги

пред 4 години

Единствениот внук на Елвис Присли, Бенџамин Кео, кој во јули годинава се самоуби, пател од депресија, но и зависност од алкохол и дроги, пишуваат американските медиуми.

Бенџамин се самоуби на 28. години. Тој беше пронајден во Калабас во Лос Анџелес, со прострелна рана во главата, која самиот си ја нанел. Досега не беа познати деталите од оваа трагедија.

Налозите од аутопсијата покажале дека причината за смрт е прострелна рана, но, крвта биле пронајдени и значителни количини на алкохол и кокаин. Бенџамин на рехабилитација одел трипати, а само еднаш успеал да ја заврши програмата, но, за жал неуспешно.

Освен тоа, Бенџамин пробал да се самоубие и пет месеци пред смртта, а како причина било наведено дека станува збор за психичко пореметување.

Британски „Сан“ пишува дека Бенџамин се самоубил на родендексата забава на неговата девојка, која се одржала во куќата на неговата мајка. Поради тешката депресија, тој со месеци не излегувал од соба, а за своите проблеми никогаш не побарал помош.

Вечерта пред смртта, тој се расправал со девојката, по што отишол во купатилото, од каде се слушнал истрел на куршум.

Share
Scroll to Top