Внукот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов го доби името на својот дедо. Веста за бебето Ѓорѓе ни ја потврдија и блиски луѓе на експретседателот.
„Точно така, бебето доби име по дедото“, велат за Репортер блиски до семејството кои заедно со Иван и со поранешниот претседател славеа за приновата во еден скопски ресторан.
„Добре дојде Ѓорѓе Иванов Јуниор“, стои и во објавата на Инстаграм.
За посетување, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов пред два дена стана татко. Тој и неговата сопруга Јана добија син. Иван и Јана се свршија лани во октомври, а неодамна и се венчаа. Двајцата долго време беа заедно во врска, а не е тајна дека Иван пишуваше поезија за својата сопруга.