Внук го обвини Рики Мартин за инцест, пренесе „Дејли Мејл“. Според законот на Порторико, ако биде прогласен за виновен, пејачот би можел да го осудат на 50 години затвор. Тој е обвинет за инцест и насилство во семејството од страна на својот внук кој има 21 година.
Според обвиненувањата, Рики Мартин неколку месеци бил во врска со внукот, а судијата му издал забрана за доближување. Наводно пејачот лошо го поднел раскинувањето и почнал да ја прогонува жртвата. Според законот, името на жртвата не смее да биде објавено.
Сепак медиумите пренесоа дека семејството се огласи и наведе дека станува збор за Денис Санчез. Адвокатот на Рики Мартин, Марти Сингер ги негираше сите обвинувања и рече дека Санчез за жал има психички проблеми.
„За жал лицето кое ги изнесе овие тврдења се бори со длабоки разочарување по прашањето на менталното здравје. Рики никогаш не бил во сексуална или романтична врска со својот внук“, рече Сингер и дополни:
„Оваа приказна не е само невистинита туку и одвратна. Сите се надеваме дека момчето ќе ја добие помошта која му е потребна. Во меѓувреме се надеваме дека судијата ќе ги отфрли обвиненијата и ќе ги види сите факти“.
За потсетување и менаџерката на Рики Мартин неодамна го тужеше пејачот, тврдејќи дека ѝ должел милион долари.