(Вознемирувачко видео) Руски спортисти живи изгореа во Порше

(Вознемирувачко видео) Руски спортисти живи изгореа во Порше

пред 3 години

Во сообраќајна несреќа во Русија загинаа светската рекордерка во мотоциклизам, Татјана Игушина, и автомобилистот Иван Курбенбин. Според руските медиуми, тие изгореле живи, откако  со преголема брзина изгубиле контрола над возилото и се забиле во столб.

Во извештајот на полицијата стои дека возачот дал гас до крај, но не успеал да сопре навреме. По ударот во столбот, возилото се запалило, а Татјана и Иван изгореле. Сè уште не се знае дали биле под дејство на алкохол, но и кој го возел Поршето 911, во кое биле кога се случила несреќата.

Share
Scroll to Top