(Вознемирувачко фото) Белграѓанки унаказени во салон за убавина: „Изгледаме како жртви од пожар“

(Вознемирувачко фото) Белграѓанки унаказени во салон за убавина: „Изгледаме како жртви од пожар“

пред 3 години

Неколку жени во Србија се здобиле со страшни красти, изгореници и флеки, откако посетиле салон за убавина. Тие велат дека биле унаказени по таканаречениот бразилски естетски зафат. Сега велат дека правдата ќе ја бараат на суд, пренесува „Нова“.

„Лекарите, ни кажаа дека изгорениците ни се како од пожар“, вели една од жените која сакала со ласер да го намали носот.

Таа заедно со уште четири други жени ги објавиле фотографиите на Инстаграм, за да ги предупредат и другите.

„Сите ние за Олгица Маркановиќ дознавме преку „Инстаграм“ каде што таа објавува видеа од
третманите, но и преку една популарна пејачка која ја рекламираше на социјалните мрежи“, изјавила една од девојките.

Таа изјавила и дека Маркановиќ пред две години била прогласена за претприемач на годината.

„Видовме и шминка на жени кои раскажале дека се задоволни по нејзиниот третман, но ни една од нас тогаш не забележа дека снимките се замаглени и дека се користени филтери“, вели една од жртвите.

Маркановиќ правела третман со плазма, објаснува девојката, а според законот во Србија, таквиот зафат можел да го прави само лекар или медицинско лице, во специјализирана ординација.

„Ние подоцна дознавме дека таа не е лекар, како што се претставувала. Проблемот е и што таа обучувала и други да работат на тоа“ вели девојката.

„Таа ни вадеше четири слоја од кожата. Тоа не се изведува така. Јас отидов на ласерско намалување на носот и платив за третманот 1.700 евра. Цената на третманот кај неа се движи од
1.000 до 2.000 евра. А добив изгорено лице, лузни кои ќе ми останат“, вели жртвата.

Откако и паднале крастите, девојката ги забележала лузните.

„Маркановиќ ми кажа да дојдам на корекција. И по корекцијата, лузните ми станаа уште поголеми. Се обратив на адвокат и судски вештак. Двајцата ни рекоа дека изгледаме како да сме поминале низ пожар. Маркановиќ трајно ни го уништи лицето. Ќе бидеме склони на канцер бидејќи нашата кожа на тој дел нема заштитен слој. Лузните ќе ни бидат видливи до крајот на животот можат да се
санираат само 70 %“, открива девојката.

Share
Scroll to Top