Во Англија ќе се гради измислениот град на хобитите од „Господарот на прстените“

Во Англија ќе се гради измислениот град на хобитите од „Господарот на прстените“

пред 4 години

Група архитекти и градежни инженери започнаа кампања преку „Индиегого“ за да соберат пари и да го изградат Минас Тирит, измислен град на хобитите во Средната земја кој се спомнува во романот „Господар на прстените“ на Толкин.

Тимот предводен од архитектот Џонатан Вилсон е решен да создаде една од најважните туристички атракции на планетата, а нивната цел е да го завршат проектот до 2023 година.

Градот, во кој ќе може да се живее, треба да се наоѓа на југот на Англија, а за неговата изградба е потребно да се соберат 1,85 милијарди фунти во рок од 60 дена. Оние што ќе дадат пари, нивните имиња ќе бидат врежани на посебен споменик во Минас Тирит. Доколку иницијативата не успее, парите ќе им бидат вратени.

Share
Scroll to Top