Во долна облека и со убодна рана, руски научник, кој работеше на вакцината, пронајден мртов

Во долна облека и со убодна рана, руски научник, кој работеше на вакцината, пронајден мртов

пред 3 години

Истакнат руски научник, кој работеше на развојот на вакцината против коронавирусот, е пронајден мртов со убодна рана кога паднал од прозорецот на зграда во Санкт Петербург.

45-годишниот Александар Саша Кагански бил облечен само во долна облека кога паднал од прозорецот од својот стан на 14. кат, пренесува „Московски комсомолец“.

Неговото тело било пронајдено на улица од сосед, а како што соопштија од локалната полиција, тој имал и убодна рана. Полицијата верува дека дошло до тепачка пред Кагански да падне од прозорецот.

Руската полиција соопшти дека смртта на научникот се истражува како можно убиство и дека во тек е испитување на 45-годишен маж како потенцијален осомничен.

Кагански работел како асистент професор во Владивосток, а 13 години работел во Шкотска. Неодамна работел како директор на Центарот за геномска и регенеративна медицина на рускиот Далекоисточен сојузен универзитет.

Руските медиуми пренесуваат дека Кагански активно учествувал во развојот на руската вакцина против коронавирусот

Share
Scroll to Top