post-image

Во кафез за 46 дена ја преплива реката Амазон, Давор Нововиќ од Белград собори нов светски рекорд

пред 2 години

Давор Нововиќ од Белград за 46 дека преплива 5.450 километри преку Амазон, пливајќи во просек 16 часа и поминувајќи 118 километри дневно.

Нововиќ собори нов светски рекорд кој претходно го држеше легендарниот Словенец Мартин Стрела, кој за 66 дена ја мина најдолгата река во Јужна Америка.

Нововиќ, во Амазон почнал да плива утрото на 29 септември во перуанскиот град Аталај, а за време на патувањето го придружувале четири венецуелски јахти, опремени со најсовремени наутички уреди.

Мрежите закачени на лакот и крмата на јахтите формирале импровизиран кафез за триесет и седумгодишниот белграѓанец од Котор да не биде каснат од пирани и слатководни ајкули или да да има непријатна ситуација со анакондите или другите такви животни.

Нововиќ за овој предизвик се подготвувал две и пол години. Которчанецот истакнува дека Амазон не наликува на ниту една друга река на која пливал. Тој успешно ги избегнал амазонските ветрови, опасните вртлози кои често се среќаваат на патеката од перуанскиот град Аталаја до бразилскиот Белем. Нововиќ како амратонски пливач во својата кариера го препливал Ла Манш и влезе во Гинисовата книга на рекорди. Тој исто така исплива од Атина до Херцег Нови, борејќи се со четирите мориња. Тој го собори и светскиот рекорд на уште еден легендарен пливач, Вељо Рогошиќ, кој делницата од Пула до Превлака ја преплива за 67 дена.

Подготвувајќи се за своите пливачки потфати, Давор Нововиќ секој втор ден плива по 10 километри, но јаде и многу храна.

„Додека се подготвував за Амазон, јадев два и пол коња и едно цело магаре“, открива Нововиќ.

Како што вели, никогаш не се допингувал, а додека плива јаде црни чоколади кои содржат шеќер и го штитат срцето. Јаде и многу јаглехидрати, рибата и зеленчукот се задолжителни на менито. На секои пет години прима заштитна вакцина.

 

Share
Scroll to Top